Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Променет живот: целПримерок

Living Changed: Purpose

4 ДЕН ОД 5

Во исчекување



Првите три дена од овој план ти дадоа многу материјал за размислување. Би било разбирливо доколку се чувствуваш преоптоварено додека пробуваш да ги поврзеш точките помеѓу твојата пасија, твоите способности и твоите минати искуства. Наместо да се вознемириш или опседнеш за овие работи, прифати го времето на исчекување. Можеби Тој сака да те научи нешто пред да ти ги покаже плановите што ги има за тебе. 



Мене ми требаше време да научам како да ја гледам вистината за себе од Божја перспектива, пред да ја видам Неговата голема слика за мојот живот. Премногу пати верував во лагата дека јас немам што да придонесам до тој степен што бев спречен да го направам она што Бог го бараше од мене. Кога започнував со служење, се чувствував како да не го познавам доволно Писмото и дека не сум доволно талентиран за да направам нешто вредно. И покрај моите несигурности, јас му ветив на Бог дека ќе се предадам на она што Тој ќе го постави како задача пред мене. Кога исчекорив надвор од мојата комфорна зона и се понудив да служам, бев изненаден кога открив дека имало потреба и е посакувано она што имав да го понудам. Вистината е дека никој никогаш не ме гледаше како неспособен или неталентиран, а Бог најмалку од сите. Сепак, им давав на лагите поголема моќ над мојот живот во споредба со вистината на Божјиот збор. 



Мојсеј исто така ги разбра несоодветните чувства. Во книгата Излез, Бог го користи Мојсеј да ги ослободи Израелците од египетското ропство и да им даде еврејски закони кои ги почитуваат со векови. Мојсеј беше еден од најважните лидери во израелската историја, но во времето кога Бог го повика за таа цел, тој инсистираше дека не е квалификуван за таа задача. Дури и кога Бог му вети дека ќе биде со него, Мојсеј инсистираше Бог да испрати некој друг поради тоа што тој не се сметаше за компетентен. Застани и размисли за ова. Мојсеј разговара со семоќниот Бог, кој не е обврзан со време, знае сѐ што има да се знае, а сепак сака да го употреби него. Тоа би требало да биде доволно за самодовербата на Мојсеј. Сепак, колку пати и ние ја правиме истата работа?



Моментално, можеби се чувствуваш несигурен за твојата цел или дури и неспособен за да го правиш она што сметаш дека си повикан да го правиш. Но, можеш да веруваш во Божјиот збор, кој ти кажува дека ти имаш уникатни дарови и таленти. Можеби не можеш да ги приметиш твоите дарови бидејќи ти изгледаат безначајни во споредба со нечии други или можеби ги земаш здраво за готово поради тоа што си ги го добил со леснотија. Вистината е дека тие работи што ти доаѓаат природно да ги правиш, не се нешта што може секој да ги прави. Она што ти имаш да го понудиш е специјално и поради тоа ти имаш важна улога во Божјиот план. Прашај го Него која е таа улога.



Доколку не си сигурен како да го слушнеш Бог, пробај да го запознаеш подобро. Читај го неговиот Збор, Библијата, секојдневно. Развиј силни молитвени навики во животот, зборувајќи и слушајќи го Него. Опкружи се себеси со луѓе што се огледуваат во Христос. Работи на твојата интимна врска со Бог и наскоро ќе бидеш способен да го разликуваш Неговиот глас кога Тој ќе ти се обрати. 



Кога се чувствуваш загубен чекајќи, фокусирај се за да го слушнеш Бог. Научи го она што Тој го зборува за тебе. Замоли го да ти помогне да ги забележиш и отфрлиш лагите за да немаат никакво право над тебе. Имај го предвид тоа како можеш да ја вежбаш твојата послушност во сите мали нешта, за да бидеш спремен кога Тој ќе ти се открие повеќе. Замоли го да ти покаже во што си добар, па покажи желба да му служиш со сето тоа што имаш да го понудиш. Прави ги овие работи додека го чекаш Него поради тоа што, многу често, нашата цел е спротивно од нашата желба да се предадеме и слушаме. 



Боже, ти благодарам што си ја создал оваа специфична цел само за мене. Помогни ми да се видам себеси низ твоите очи и да ги отфрлам сите лаги што ме спречуваат да дејствувам. Помогни ми да поверувам дека сум бестрашно и прекрасно створен според твојот лик и дека нема ниту еден ист како мене. Продолжи да ме прочистуваш и подготвуваш за целта што ја имаш за мене. Покажи ми го следниот чекор што треба да го преземам за да растам во твоја близина и да помогнам во пополнување на местото што си го направил за мене во твојата Црква. Во името на Исус, амин.


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Living Changed: Purpose

Дали си се запрашал некогаш или си го прашал Бог зошто те создал и зошто си поминал низ некои специфични искуства во животот? Ти си создаден уникатно за специфична улога, која можеш да ја живееш само ти. Дури и ако се чу...

More

Би сакале да ѝ сe заблагодариме на службата Чејнџд Вумен, коja ни го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.changedokc.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност