Матеј 3

3
Јован го повикува народот на покајание и Го крштава Исуса.
1Во тие дни дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска,
2и говореше: »Покајте се, зашто се приближи царството небесно!«
3Оти овој е, навистина оној за кого рекол пророкот Исаија: »Гласот на оној, што вика во пустината, вели: ‚Пригответе го патот на Господа и исправете ги патеките Негови!‘«
4А сам Јован имаше облека од камилски влакна и појас од кожа околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.
5Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот крај Јордански доаѓаа при него
6и се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
7А штом виде Јован дека при него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи за да се крстат, им рече: »Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде?
8Направете плод достоен за каење
9и немојте да говорите во себе: ‚Наш татко е Авраам‘ зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му издигне чеда на Авраама.
10Секирата веќе лежи при коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.
11Јас ве крштавам за покајание со вода, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
12Лопатата е во рацете Негови и Он ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го прибере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне.«
13Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти од него.
14А Јован Го одвраќаше, велејќи: »Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли – доаѓаш?«
15Но Исус му одговори и рече: »Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.« Тогаш Јован Го остави.
16И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.
17И ете, глас од небесата говореше: »Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!«

موجودہ انتخاب:

Матеј 3: MK1990

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔