Матеј 2

2
Мудреците од Исток. Бегањето Христово во Египет. Ирод ги убива децата. Христовото враќање и населување во Назарет.
1А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирода, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа:
2Каде е новородениот Цар Јудејски? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.
3Штом го чу тоа, цар Ирод се уплаши и целиот Ерусалим со него.
4И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: »Каде треба да се роди Христос?«
5А тие му одговорија: »Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
6И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата Јудини; оти од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ – Израилот.«
7Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и дозна од нив точно за времето, кога се појавила ѕвездата,
8па, испраќајќи ги во Витлеем, рече: »Отидете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да отидам и јас да Му се поклонам.«
9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото, каде што беше Младенецот.
10А кога ја видоа ѕвездата, тие се зарадуваа со многу голема радост.
11И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна.
12И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.
13А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: »Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.«
14И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.
15И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: »Од Египет Го повикав Синот Свој.«
16Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците.
17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Јеремија, кој говори:
18Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема.
19А по смртта Иродова му се јави на Јосифа насон во Египет ангел Господов
20и му рече: »Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата Израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.«
21Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата Израилева.
22Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; и откако доби вест в сон, тој замина во пределите Галилејски.
23А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни кажаното преку пророците дека Он ќе се нарече Назареец.

موجودہ انتخاب:

Матеј 2: MK1990

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔