YouVersion Logo
تلاش

Матеј 1

1
Потеклото на Христа, зачнувањето, името и раѓањето.
1Книга за родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов.
2Авраам го роди Исака, Исак го роди Јакова, а Јаков го роди Јуда и браќата негови;
3Јуда го роди Фареса и Зара од Тамар; Фарес го роди Есрома, а Есром го роди Арама;
4Арам го роди Аминадава; Аминадав го роди Наасона, а Наасон го роди Салмона;
5Салмон го роди Вооза со Раав; Вооз го роди Овида со Рут, а Овид го роди Јесеја;
6Јесеј го роди цар Давида, а цар Давид со поранешната Уриева жена го роди Соломона;
7Соломон го роди Ровоама; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;
8Аса го роди Јосафата; Јосафат го роди Јорама, а Јорам го роди Озија;
9Озија го роди Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, а Ахаз го роди Езекија;
10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија;
11Јосија го роди Јоакима; Јоаким го роди Јехонија и браќата негови за време преселувањето во Вавилон.
12А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела;
13Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елијакима, а Елијаким го роди Азора;
14Азор го роди Садока; Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда;
15Елиуд го роди Елеазара; Елеазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова;
16Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.
17И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет; и од Давида до Вавилонското преселување се четиринаесет родови; а и од преселувањето Вавилонско до Христа – родови четиринаесет.
18А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух.
19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.
20Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: »Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух;
21Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.«
22А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:
23И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!
24Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја.
25И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

موجودہ انتخاب:

Матеј 1: MK1990

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in