1
Римјаните 12:2
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Не сообразувајте се со световните луѓе, туку допуштете Бог однатре да ве преобрази така што Тој ќе го промени начинот на кој размислувате. Тогаш ќе можете да согледате што сака Бог да правите, што е добро, пријатно и совршено.
Linganisha
Chunguza Римјаните 12:2
2
Римјаните 12:1
Драги пријатели христијани, имајќи ја предвид Божјата благонаклоност спрема вас, ве молам да ги принесете своите тела како жива жртва, света и пријатна за Бог. Тоа е најдобриот начин да Му служите.
Chunguza Римјаните 12:1
3
Римјаните 12:12
Надежта што ја имате нека ве исполнува со радост. Кога ви е тешко, бидете стрпливи и постојано молете се.
Chunguza Римјаните 12:12
4
Римјаните 12:21
Не дозволувајте злото да ве надвладее, туку вие надвладувајте го злото со добро.
Chunguza Римјаните 12:21
5
Римјаните 12:10
Сакајте се срдечно како браќа. Кога се работи за почести, давајте им предност на другите.
Chunguza Римјаните 12:10
6
Римјаните 12:9
Сакајте ги луѓето искрено, а не лицемерно. Мразете се што е зло и решително правете добро.
Chunguza Римјаните 12:9
7
Римјаните 12:18
Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе.
Chunguza Римјаните 12:18
8
Римјаните 12:19
Драги пријатели, немојте да се одмаздувате. Препуштете му ја одмаздата на Божјиот гнев. Во Светото Писмо, Господ вели: “Одмаздувањето е Моја работа. Јас ќе возвратам!“
Chunguza Римјаните 12:19
9
Римјаните 12:11
Бидете ревносни, а не мрзливи. Служете Му на Господ со пламенен дух.
Chunguza Римјаните 12:11
10
Римјаните 12:3
Како Божји гласник, избран врз основа на Неговата благонаклоност, на секој од вас му порачувам дека за себе не треба да има повисоко мислење одошто заслужува. Бидете скромни и проценувајте ја сопствената вредност според големината на верата што Бог ви ја дал.
Chunguza Римјаните 12:3
11
Римјаните 12:17
Никому не враќајте зло за зло. Трудете се да го правите само она што сите го сметаат за добро.
Chunguza Римјаните 12:17
12
Римјаните 12:16
Трудете се да живеете во меѓусебна слога. Не бидете вообразени, туку дружете се со обичните луѓе. Немојте да мислите дека се знаете!
Chunguza Римјаните 12:16
13
Римјаните 12:20
А ти, напротив, постапувај според учењето на Светото Писмо кое вели: “Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, дај му да пие. Така ќе го засрамиш, како со вжарени гламни да си му ја посипал главата.“
Chunguza Римјаните 12:20
14
Римјаните 12:14-15
Ако луѓето ве прогонуваат поради вашата вера во Христос, не колнете ги, туку благословувајте ги. Радувајте се со оние што се радуваат, тагувајте со оние што тагуваат.
Chunguza Римјаните 12:14-15
15
Римјаните 12:13
Грижете се за потребите на посветените Божји луѓе и бидете гостољубиви.
Chunguza Римјаните 12:13
16
Римјаните 12:4-5
Како што ние во своето тело имаме многу органи и секој орган си има своја улога, така е и со Црквата - телото Христово. Сите ние сме органи на „Христовото тело“ и имаме потреба еден од друг.
Chunguza Римјаните 12:4-5