Создавање 1

1
ВО ПОЧЕТОКОТ
Бог го создава светот и човекот
1 # 2,4-25; Ис 42,5; Ер 10,11-12; Пс 8; 33,6-9; 74,15-17; 89,12; 90,2; 102,26; 104; Јов 38; Изреки 8,22-31; Јн 1,1-3; Дела 17,24; Кол 1,15-17 Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. 2#Ер 4,23Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата. 3#Ис 45,7; 60,19; 2 Кор 4,6; Откр 22,5И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина. 4И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината. 5Бог светлината ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И настапи ве­чер, и настапи утро – прв ден. 6Потоа Бог рече: „Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!“ 7#Ез 1,22-25; Пс 148,4И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана. 8И сводот Бог го нарече небо. И настапи вечер и настапи утро – втор ден. 9#Ис 51,10; Јов 26,8-10; 38,8И Бог рече: „Нека се собере водата што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ И стана така. 10Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека тоа е добро. 11#Пс 65,9-13И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе!“ И стана така. 12Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род, а и дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро. 13И настапи вечер, и настапи утро – трет ден. 14#Ер 31,35Потоа Бог рече: „Нека се појават светила на небескиот свод, за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; 15и нека бидат тие светилници на не­бескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!“ И стана така. 16#Пс 136,7-9Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите; 17и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, 18и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро. 19И настапи вечер, и настапи утро – четврти ден. 20Потоа рече Бог: „Водата нека се ис­полни со живи суштества, а низ не­бескиот свод над земјата нека полетаат птици!“ 21#Јона 2,1; Јов 40И Бог создаде големи риби и секаков вид животни влекачи што живеат во водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, спо­ред нивниот род. И виде Бог дека тоа е добро. 22#Мт 6,26; Лк 12,6И ги благослови Бог, велејќи: „Пло­дете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се намножат на земјата!“ 23И настапи вечер, и настапи утро – петти ден. 24Пак рече Бог: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!“ И стана така. 25#Ер 27,5; Пс 50,10-12И Бог создаде ѕверови земни, спо­ред родот нивен, и добиток според ро­дот негов, и секакви гадинки земни, според родот нивен. И Бог виде дека тоа е добро. 26#9,6Потоа Бог рече: „Да создадеме чо­век според Нашиот образ, според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!“ 27#Мт 19,5; Мк 10,6; 1 Кор 11,7; Јк 3,9И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. 28#8,17; 9,1.7; Пс 8,6-8И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и ов­ла­дајте ги морските риби, и небеските птици, и сите животни што лазат по земјата!“ 29#9,2-4И Бог рече: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна! 30А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана. 31#Пс 104,24; 1 Тим 4,4И Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро. И настапи вечер, и настапи утро – шести ден.

Выделить

Поделиться

Копировать

None

Хотите, чтобы то, что вы выделили, сохранялось на всех ваших устройствах? Зарегистрируйтесь или авторизуйтесь

YouVersion использует файлы cookie, чтобы персонализировать ваше использование приложения. Используя наш веб-сайт, вы принимаете использование нами файлов cookie, как описано в нашей Политике конфиденциальности