Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Zechariah 14:8-16

Захарија 14:8-16 - Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме. И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово – едно единствено. Целата таа земја ќе се претвори во рамнина од Гева до Римон, јужно од Ерусалим, кој ќе се извиши на местото свое и ќе се насели од Портите Вени­јаминови до местото на Првите Порти, до Аголните Порти, и од кулата на Хананел до царските визби. И ќе се населат во него, и проклетство нема да има повеќе, а Ерусалим ќе живее во мир. А еве какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим – месото ќе им се распаѓа уште додека стојат на нозете свои, и очите ќе им скапуваат во длабнатините, и јазикот ќе им изгние во устата нивна. И во тој ден ќе завладее голем смут од Господ, така што еден друг ќе се фаќаат за раката своја и секој ќе ја подига раката своја против раката на ближниот свој. Дури и Јуда ќе војува во Ерусалим, и богатството на сите околни народи ќе биде собрано: злато, сребро и облеки во голем број. Таков пораз ќе има и врз коњите и маските, камилите и магарињата, и врз секаков добиток, што ќе се наоѓа во логорите нивни. А потоа сите што ќе преживеат, од оние кои војувале против Ерусалим, од сите народи, ќе доаѓаат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господ Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници.

Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме. И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово – едно единствено. Целата таа земја ќе се претвори во рамнина од Гева до Римон, јужно од Ерусалим, кој ќе се извиши на местото свое и ќе се насели од Портите Вени­јаминови до местото на Првите Порти, до Аголните Порти, и од кулата на Хананел до царските визби. И ќе се населат во него, и проклетство нема да има повеќе, а Ерусалим ќе живее во мир. А еве какво ќе биде поразувањето, со кое Господ ќе ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим – месото ќе им се распаѓа уште додека стојат на нозете свои, и очите ќе им скапуваат во длабнатините, и јазикот ќе им изгние во устата нивна. И во тој ден ќе завладее голем смут од Господ, така што еден друг ќе се фаќаат за раката своја и секој ќе ја подига раката своја против раката на ближниот свој. Дури и Јуда ќе војува во Ерусалим, и богатството на сите околни народи ќе биде собрано: злато, сребро и облеки во голем број. Таков пораз ќе има и врз коњите и маските, камилите и магарињата, и врз секаков добиток, што ќе се наоѓа во логорите нивни. А потоа сите што ќе преживеат, од оние кои војувале против Ерусалим, од сите народи, ќе доаѓаат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господ Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници.

Захарија 14:8-16

Zechariah 14:8-16