Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Zechariah 14:3-9

Захарија 14:3-9 - Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војува во борбен ден. И ќе застанат нозете Негови на Маслиновата Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Маслиновата Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе се помести кон север, а втората половина – кон југ. И вие ќе побегнете во долината на Мојата гора, зашто планинската долина ќе се протега до Ацал; а ќе побегнете како што бегавте од земјотресот во де­новите на Озија, царот Јудејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него. Во тој ден нема да има светила, све­тилата ќе бидат премавнати. Тој ден ќе биде чуден, познат само на Господ; ниту ден, ниту ноќ – и ноќе ќе биде виделина. Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме. И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово – едно единствено.

Тогаш ќе излезе Господ и ќе се сврти против тие народи, како што војува во борбен ден. И ќе застанат нозете Негови на Маслиновата Гора во оној ден, што се наоѓа спроти Ерусалим од источната страна: и ќе се расцепи Маслиновата Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ќе се помести кон север, а втората половина – кон југ. И вие ќе побегнете во долината на Мојата гора, зашто планинската долина ќе се протега до Ацал; а ќе побегнете како што бегавте од земјотресот во де­новите на Озија, царот Јудејски; и ќе дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него. Во тој ден нема да има светила, све­тилата ќе бидат премавнати. Тој ден ќе биде чуден, познат само на Господ; ниту ден, ниту ноќ – и ноќе ќе биде виделина. Во тој ден ќе потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ќе биде и лете и зиме. И Господ ќе биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ќе биде единствен и името Негово – едно единствено.

Захарија 14:3-9

Zechariah 14:3-9