Titus 3:5-8

Тој нѐ спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух, Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител, та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот. Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога, да се трудат и да се грижат за добри дела: ова е полезно и добро за луѓето.
Тит 3:5-8