Titus 2:11-15

Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе. Таа нѐ учи да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век, да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос, Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела. Ова зборувај го, советувај и изобличувај со полна власт; никој да не те презира.
Тит 2:11-15