Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Romans 8:18-25

Римјаните 8:18-25 - Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји, зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж, дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји. Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки. И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воз­див­нуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.

Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји, зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж, дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји. Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки. И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воз­див­нуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.

Римјаните 8:18-25

Romans 8:18-25