Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Romans 8:17-25

Римјаните 8:17-25 - А ако сме, пак, чеда, ние сме и нас­ледници: наследници на Бога и со­на­следници Христови, но само ако со Не­го страдаме, та со Него и да се прославиме.

Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји, зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж, дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји. Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки. И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воз­див­нуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.

А ако сме, пак, чеда, ние сме и нас­ледници: наследници на Бога и со­на­следници Христови, но само ако со Не­го страдаме, та со Него и да се прославиме. Зашто мислам дека страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата која треба да се открие кон нас. И секое создание со нетрпение го очекува откривањето на синовите Бож­ји, зашто и созданието не ѝ се покори на суетата доброволно, туку по волјата на Оној Кој го покори, а со надеж, дека и самото создание ќе се ослободи од ропството на распадливоста при славното ослободување на чедата Божји. Зашто знаеме дека целото создание заедно со нас стенка како во породилни болки. И не само тоа, туку и ние самите, кои ги имаме првините на Духот, воз­див­нуваме во себе, очекувајќи посинување и откупување на нашето тело. Зашто со таа надеж бевме спасени. А надежта што се гледа не е вистинска надеж. Зашто, кој би се надевал во тоа што го гледа? Кога се надеваме, пак, на она што не го гледаме, со трпение го очекуваме.

Римјаните 8:17-25

Romans 8:17-25