Romans 6:4-11

И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, за да можеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот. Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението, знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот; бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот. А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме, знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него. Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го живее, за Бога го живее. Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.
Римјаните 6:4-11