Romans 4:7-12

„Блажени се оние чии беззаконија се простени и чии гревови се покриени; блажен е оној човек кому Бог нема да му смета за грев!“ А дали ова блаженство се однесува само за обрезаните или и за необрезаните? Бидејќи велиме дека на Авраам верата му се сметаше за праведност. Кога му се сметаше? По обрезанието или пред обрезанието? Не по обрезанието, туку пред обрезанието. И знакот на обрезанието тој го доби како печат на праведност што доаѓа од верата, која ја имаше пред обрезанието, за да биде татко на сите необрезани што веруваат, та и ним тоа да им се смета за праведност, и да им биде татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои врват и по стапките на верата од нашиот татко Авраам, пред обрезанието.
Римјаните 4:7-12