Romains 12:3-8

Зашто, заради благодатта што ми е мене дадена, на секого од вас му кажувам да нема за себе повисоко мислење отколку што треба да има; туку нека има за себе поскромно мислење за да расудува според мерката на верата што Бог на секого му ја одмерил. Зашто, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи не дејствуваат на еднаков начин, така и ние мнозина сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг. Според дадената благодат имаме различни дарби: ако е тоа пророчка дарба, тогаш нека биде во сразмерот со верата; ако е тоа дарба за служење, нека служи; ако ли е пак тоа дарба за поучување – нека поучува! Ако е пак за утешител – нека утешува; дарител ли, нека дарува штедро; кој управува, нека управува со усрдност; кој прави милосрдие, нека го врши тоа со добра волја.
Римјаните 12:3-8