Romans 10:9-13

зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение. А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“ Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат. Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
Римјаните 10:9-13