Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Römer 10:10-17

Римјаните 10:10-17 - бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение. А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“ Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат. Бидејќи секој кој ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен. Но како да Го повикаат Оној во Ко­го не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А ка­ко да слушнат, ако нема кој да про­по­веда? И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Кол­ку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“ Но Евангелието сите не го пос­лу­шаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“ Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.
Römer 10:10-17