Romans 1:15-18

Затоа, што се однесува до мене, подготвен сум и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието. Зашто јас не се срамам од Евангелието на Христос, бидејќи тоа е сила Божја која го спасува секого што верува, прво Јудеец, а потоа и Елин. Бидејќи во него се открива правдата Божја, од верата и во верата, како што е напишано: „Праведникот преку верата ќе живее.“ Зашто гневот Божји се открива од небото против секоја безбожност и неправда на луѓето кои вистината ја спречуваат со неправда.
Римјаните 1:15-18