Psalms 98:1-9

Запејте Му на Господ нова песна, зашто создаде чудесни работи; Неговата десница Му помогна и Неговата света мишка. Господ ја објави Својата победа, пред очите на народите ја откри Својата правда. Се присети Тој за Својата милост и на верноста Своја кон домот Израелов; сите краишта земни го видоа спасението од нашиот Бог. Воскликни Му на Господ, цела Земјо; запеј, радуј се и пеј; пејте Му на Господ со лири, со лири и со глас псаломски; во труби и во рог затрубете пред Царот – пред Господ. Нека шуми морето и сѐ она што го исполнува: вселената и сите што живеат во неа; да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господ! Зашто Тој доаѓа да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда и народите – правично.
Псалми 98:1-9