Psalms 95:1-7

Дојдете да Му пееме на Господ и да воскликнеме кон Карпата на нашето спасение! Да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме, зашто Бог е велик Господ и Цар голем над сите богови. Зашто во Неговите раце се сите земни длабочини, а горските височини се исто така Негови. Бидејќи Негово е морето, и Тој го создаде, а рацете Негови го создадоа и копното. Дојдете да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да клекнеме пред лицето на Господ, нашиот Творец; зашто Тој е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце. О, денес да бевте го послушале Неговиот глас!
Псалми 95:1-7