Psaumes 85:1-7

Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јаков. Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови, го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој. Поврати нѐ, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас. Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегаш гневот Свој од род во род? Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нѐ оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе? Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
Псалми 85:1-7