Psalm 63:3-8

Зашто милоста Твоја е подобра од животот, устата моја ќе Те фали. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои. Како со маст и масло се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата моја. Кога ќе се сетам за Тебе во постелата моја, во ноќните часови за Тебе размислувам, зашто Ти си ми помошник и под сенката на Твоите крилја Ти пеам. Кон Тебе се прилепува душата моја, Твојата десница ме поддржува.
Псалми 63:3-8