Psalm 54:1-7

Боже, со името Твое спаси ме и со силата Твоја избори се за мојата правда. Боже, услиши ја молитвата моја, чуј ги зборовите од устата моја; зашто дрски луѓе се кренаа против мене, и насилници го бараат животот мој; тие не мислат на Бога. Ете, Бог ми помага; Господ е заштитник на животот мој. На непријателите мои Тој ќе им врати за злото; ќе ги истреби со вистината Своја. Со сесрдност Ти принесувам жртва, го прославувам името Твое, Господи, зашто е добро, зашто Ти ме избави од секоја неволја и окото мое презриво ги гледа непријателите мои.
Псалми 54:1-7