Psalms 51:1-5

Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто престапите мои ги знам и мојот грев е секогаш пред мене. Против Тебе, само против Тебе згрешив и пред Тебе зло извршив, така што Ти си праведен кога ќе пресудуваш и беспрекорен кога ќе судиш. Ете, грешен сум роден, грешник уште од кога ме зачна мајка ми.
Псалми 51:1-5