Psalm 46:1-7

Бог ни е нам прибежиште и сила, докажан помошник, во неволја. Затоа нема да се уплашиме, па макар и земјата да се разниша, и горите да се срушат во срцето морско. И ако бучат и се креваат водите нивни, и да се тресат горите од жестината нивна. Речните потоци го веселат Божјиот град, Светото живеалиште на Севишниот. Бог е среде него; тој нема да се разниша: Бог ќе му помогне уште пред зори. Се збунија народите; се потресоа царствата; го пушти Својот глас, и земјата се топи. Господ Саваот е со нас, Јакововиот Бог е наше прибежиште.
Псалми 46:1-7