Psalm 42:1-5

Како што кошутата копнее по водни извори, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе! Душата моја жедува за Бога, за живиот Бог: кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе, кога секој ден ми зборуваа: каде е твојот Бог? Се сетив на тоа и ја излив душата своја: како чекорев со мноштвото, ги предводев до Божјиот дом – при гласно воскликнување и прославување, како на голем празник. Зошто тагуваш, душо моја, и зошто си вознемирена? Надевај се на Бога, бидејќи јас пак ќе Го славам мојот Помошник, мојот Бог.
Псалми 42:1-5