Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Psalm 37:3-19

Псалми 37:3-19 - Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство. Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое. Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие. Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не пра­виш зло, зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир. Грешникот смислува зло против праведниот и чкрта со забите против него, но Господ му се потсмева, зашто однапред гледа дека му се ближи крајот. Грешниците ги вадат мечевите, го оптегнуваат лакот свој за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние што се со чисто срце. Но мечот нивни ќе се забие во нивното срце, и лаците нивни ќе се скр­шат. Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците. Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Гос­под им ги поткрепува. Господ ги знае патиштата на непо­рочните; и нивното наследство ќе биде вечно: во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ќе бидат сити

Верувај во Господ и прави добро, за да живееш на земјата и да уживаш во спокојство. Сета радост нека ти биде во Господ, и Тој ќе ти даде што ќе посака срцето твое. Довери Му го патот свој на Господ и во Него верувај и Тој ќе делува; и ќе ја изведе правдата твоја како светлина, и справедливоста твоја – како пладне. Биди кроток пред Господ и на Него надевај се. Не жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие. Воздржи се од лутина и остави ја јароста, не жести се – самиот да не пра­виш зло, зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир. Грешникот смислува зло против праведниот и чкрта со забите против него, но Господ му се потсмева, зашто однапред гледа дека му се ближи крајот. Грешниците ги вадат мечевите, го оптегнуваат лакот свој за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние што се со чисто срце. Но мечот нивни ќе се забие во нивното срце, и лаците нивни ќе се скр­шат. Малото богатство кај праведниот е многу подобро отколку големото богатство на грешниците. Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Гос­под им ги поткрепува. Господ ги знае патиштата на непо­рочните; и нивното наследство ќе биде вечно: во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ќе бидат сити

Псалми 37:3-19

Psalm 37:3-19