Psalm 27:1-4

Господ е моја светлина и мое спасение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам? Кога се приближија до мене злобни противници и непријатели за да го изедат телото мое, се сопнаа и паднаа. И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе бидам полн со доверба. Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм
Псалми 27:1-4