Psalm 25:4-10

Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. Спомни си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни. Гревовите на младоста моја и престапите мои не споменувај ги; по милоста Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи! Добар и праведен е Господ, грешниците ги изведува на пат, ги упатува понизните кон правда и ги учи понизните на Своите патишта. Сите патишта Господови се милост и вистина за оние, кои го пазат заветот Негов и уредбите Негови.
Псалми 25:4-10