Psalm 23:1-6

Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува, Тој ме одмара на зелени пасишта и ме води на тихи води, ја закрепнува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезол и Твојата палка ме успокојуваат. Си приготвил пред мене трпеза пред очите на непријателите мои, си ја помазал главата моја со миризливо масло; и чашата моја се прелева. Само добрина и милост ќе ме придружуваат преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов многу дни.
Псалми 23:1-6