Psalms 139:13-18

Зашто Ти си ја создал мојата внатрешност и ме оформи во мајчината ми утроба. Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае. Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, додека настанував во тајност, исткаен во длабините на земјата. Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден. Колку ми се недостапни Твоите мисли, Боже, колку се многубројни! Да ги пребројам – но тие се побројни и од песокот; се будам и сѐ уште сум со Тебе.
Псалми 139:13-18