Psalms 127:1-5

Ако Господ не ја изѕида куќата, залудо ќе се трудат градителите нејзини; ако Господ не го запази градот, залудо ќе бдее стражата. Залудно вие станувате рано, доцна легнувате и го јадете лебот уморни; на оние кои Тој ги сака ним им дава сон. Ете, наследството Господово се синовите, дар од Него е породот. Она што се стрелите во раката на силниот, тоа се младите синови. Блажен е оној човек, кому му е исполнет тегарчикот со нив! Тие нема да се засрамат, кога ќе се препираат со непријателите нивни пред портите.
Псалми 127:1-5