Psalms 126:1-6

Кога Господ ги врати сионските заробеници, ние бевме како во сон; тогаш устата ни се исполни со радост, и јазикот наш – со весела песна; тогаш меѓу незнабошците се говореше: „Големи дела изврши Господ над нив!“ Големи дела изврши Господ на нас: ние се развеселивме. Врати ги, Господи заробените наши, како потоците во Негев. Оние што сеат со солзи, нека жнеат со голема радост. Одеа и плачеа оние што носеа свое семе; но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја.
Псалми 126:1-6