Psalm 122:1-9

Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во домот Господов!“ Ете, нозете наши стојат во твоите дворови, Ерусалиме, – Ерусалим, кој е изграден како град, излиен во една целина. Таму се искачуваат племињата, Господовите племиња, сведоштвото Израелско, за да се слави името Господово. Зашто таму се поставија престолите судиски, престолите на домот Давидов. Молете се за мир за Ерусалим и нека им биде добро на оние, кои те сакаат! Нека има мир околу ѕидовите твои и спокојство во кулите твои. Поради браќата мои и блиските мои ќе речам: „Мир во тебе!“ Заради домот на Господ, нашиот Бог, ти пожелувам добро.
Псалми 122:1-9