Psalms 119:9-16

Како момчето ќе го запази во чистота патот свој? – Ако ги пази зборовите Твои! Со сето срце мое Те барам, не дозволувај да застранам од Твоите заповеди. Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе. Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите повелби. Со устата своја ги разгласив сите уредби од устата Твоја. По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство. Ќе размислам за Твоите заповеди и ќе ги управувам очите мои на патот Твој. Од повелбите Твои ќе се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зборови.
Псалми 119:9-16