Psalms 119:105-112

Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја. Се заколнав и реков дека ќе ги пазам Твоите праведни судови, и ќе ги исполнувам. Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово. Прими ги моите благодарници, Господи, и научи ме на Твоите уредби. Животот ми е постојано во опасност, но Твојот закон не го заборавив. Нечестивите ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди. Твоите уредби ми се вечно наследство, тие се голема радост за срцето мое. Го натерав срцето свое да ги извршува повелбите Твои, секогаш и до крај.
Псалми 119:105-112