Psalms 119:1-8

Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов. Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од сѐ срце Го бараат, оние кои не вршат беззаконие, туку одат по Неговите патишта. Ти заповеда грижливо да се пазат Твоите заповеди. О, да се управат моите патишта за да ги чувам Твоите заповеди! Тогаш нема да се засрамам, гледајќи ги сите Твои заповеди. Ќе Те славам Господи со чисто срце, кога ќе ги научам Твоите праведни судови. Ќе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема.
Псалми 119:1-8