Psalm 107:1-9

Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова! Така да велат избавените од Господ, оние што ги откупи од непријателска рака. И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето. Тие скитаа по безводната пустина и нигде пат ниту населен град не најдоа; трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив, но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Тој ги избави од нивните неволји и ги поведе по правиот пат, за да одат кон населен град. Нека Го слават Господа за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки: зашто Тој ја напојува жедната душа и душата гладна ја исполнува со блага.
Псалми 107:1-9