Psalms 104:24-34

Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сѐ си направил премудро; Земјата е полна со Твои созданија. Ете го морето, големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни; таму пловат кораби, таму е левијатанот што си го создал да игра во него. Сите тие од Тебе чекаат да им дадеш храна навреме. Им даваш – примаат, ја отвораш раката Своја – се наситуваат со блага; го одвратиш ли лицето Свое – се збунуваат, им го одземеш ли духот нивен – умираат и во земјата своја се враќаат. Го праќаш ли духот Свој – се создаваат; Ти го обновуваш лицето на земјата. Нека пребива вечно славата на Господ; нека се весели Господ за делата Свои! Погледнува ли кон Земјата, и таа се тресе; се допре ли до горите, тие се димат. Ќе Му пеам на Господ преку целиот мој живот, ќе Му пеам на мојот Бог сѐ додека постојам. Нека Му биде мила беседата моја! Ќе се веселам во Господ.
Псалми 104:24-34