Psalm 103:8-13

Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути. Тој не постапува со нас според нашите беззаконија и не ни плаќа според нашите беззаконија; зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него; колку е далеку исток од запад, толку ги оддалечува Тој од нас нашите престапи; како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
Псалми 103:8-13