Psalms 1:1-6

Блажен е оној човек, што не оди на советот на безбожниците, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници, туку му омилел законот Господов и за законот Негов дење и ноќе грижливо размислува; тој е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не венее; и во сѐ што прави, напредува. Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го разнесува ветрот. Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците – во соборот на праведните. Зашто Господ го знае патот на праведните; патот, пак, безбожнички ќе пропадне.
Псалми 1:1-6