Proverbs 4:1-9

Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте, та да се научите на разум, зашто добар дар ви дарувам; не оставајте ја мојата заповед. Зашто и јас бев сакан син на татко ми, и како единец омилен на мајка ми; и татко ми ме поучуваше и ми велеше: зборовите мои задржи ги во срцето твое; пази ги моите заповеди и не заборавај ги! Здобивај се со мудрост, придобивај разум; не заборавај го тоа и не отстранувај се од зборовите на устата моја. Не оставај ја, – и таа ќе те чува, сакај ја, – и таа ќе се грижи за тебе. Најважна е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност. Високо цени ја, и таа ќе те воздигне; таа ќе те прослави, ако ја прегрнеш, ќе положи на главата твоја прекрасен венец, со великолепна круна ќе те дари.
Изреки 4:1-9