Proverbs 3:5-12

Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки. Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото: тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски. Давај Му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодовите од твоите придобивки, и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите преси ќе се прелеваат од вино. Не занемарувај ја, синко, казната од Господ, и да не ти е тешко од Неговото укорување; зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби.
Изреки 3:5-12