Proverbs 3:1-6

Синко, не заборавај ја поуката моја и срцето твое да ги чува заповедите мои; зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир. Милоста и вистината да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги врз плочите на срцето свое, па ќе најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на луѓето. Надевај се на Господ од сѐ срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.
Изреки 3:1-6