Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Philippians 1:3-20

Филипјаните 1:3-20 - Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас, – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас – заради вашето учество во Еванге­ли­ето од првиот ден, па сѐ досега, уверен во тоа дека Оној, Кој го за­почна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос. И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта. Бог ми е сведок колку многу копне­ам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос. И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ, за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос, полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.

Сакам, браќа, да знаете дека тие ра­боти, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието, така што во целата преторија и ме­ѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христос; и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо. Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос: едни Го проповедаат Христос од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. А другите имаат желба да се препираат неискрено, мислејќи дека ја на­го­лемуваат тежината на моите окови. Другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос, како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се по­срамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.

Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас, – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас – заради вашето учество во Еванге­ли­ето од првиот ден, па сѐ досега, уверен во тоа дека Оној, Кој го за­почна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос. И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта. Бог ми е сведок колку многу копне­ам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос. И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ, за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос, полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога. Сакам, браќа, да знаете дека тие ра­боти, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието, така што во целата преторија и ме­ѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христос; и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо. Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос: едни Го проповедаат Христос од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. А другите имаат желба да се препираат неискрено, мислејќи дека ја на­го­лемуваат тежината на моите окови. Другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието. Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос, како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се по­срамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.

Филипјаните 1:3-20

Philippians 1:3-20