Philippians 1:21-30

За мене, „да се живее“ значи Христос, а „да се умре“ – придобивка. Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам. Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу подобро; но да останам во телото е попотребно за вас. Уверен во тоа, знам дека ќе останам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата, та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас. Живејте само достојно за Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се еднодушно за верата на Евангелието, и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бога. Зашто вам ви се даде дар поради Христос не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него, борејќи се со истата борба, каква што видовте во мене и сега слушате за мене.
Филипјаните 1:21-30