Micah 5:1-4

Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израел и чие потекло е од почетокот, од вечноста. Затоа Тој ќе ги остави до времето додека роди онаа, која треба да роди; тогаш кај синовите Израелови ќе се вратат и нивните други браќа. Ќе застане Тој и ќе ги пасе со силата на Господ, со величието на името Господово, својот Бог и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Тој ќе биде велик до краиштата на земјата. И Тој ќе биде мирот. Кога ќе дојде Ашур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови.
Михеј 5:1-4