ΚΑΤΑ ΜΑΤΘΑΙΟΝ 7:1-5

„Не судете, за да не бидете судени; зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја чувствуваш? Или, како ќе му кажеш на твојот брат: ‚чекај да ти ја извадам раската од окото‘, кога во твоето око има греда? Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!
Матеј 7:1-5