Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Matthew 6:25-34

Матеј 6:25-34 - Затоа ви велам: немојте да се гри­жите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото – од облеката? Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во це­лата своја слава не се облече така, како еден од нив. Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе сто­ри за вас, маловерни!? Па затоа, не грижете се и не гово­рете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘ Зашто сето тоа го бараат незна­бош­ците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е негова­та неволја.“

Затоа ви велам: немојте да се гри­жите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото – од облеката? Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во це­лата своја слава не се облече така, како еден од нив. Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе сто­ри за вас, маловерни!? Па затоа, не грижете се и не гово­рете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘ Зашто сето тоа го бараат незна­бош­ците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е негова­та неволја.“

Матеј 6:25-34

Matthew 6:25-34