Matthäus 5:43-48

„Сте слушале дека е кажано: ‚Љуби го својот ближен, а мрази го непријателот.‘ А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, (благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат) и молете се за оние што ве (навредуваат и) гонат, за да бидете синови на Вашиот Отец небесен; зашто Тој го остава Своето сонце да грее и над лошите и над добрите, и им праќа дожд и на праведните и на грешните. Зашто, ако ги сакате оние што вас ве сакаат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците? И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? Но бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен.“
Матеј 5:43-48